Абердин ја одреди цената на Миовски, би го пуштиле само за рекордна сума

Повеќе големи клубови се интересираат за македонскиот напаѓач Бојан Миовски, кој игра одлично во дресот на Абердин, а сега се огласија и од клубот на Миовски со јасна порака во каков случај би го продале.

„Знаеме каков квалитет поседува Бојан и сакаме да го задржиме. Не сме наивни да веруваме дека тој ќе остане кај нас до крајот на кариерата, но нашиот став како клуб е јасен, тој има уште две и пол години од договорот и ако некој сака да го купи, тоа сигурно ќе биде за рекордна сума“, изјави извршниот директор на Абердин, Алан Буроус“, вели извршниот директор на Абердин, Алан Буроус.

Рекордниот трансфер во Абердин изнесува 5 милиони фунти, за колку што го продадоа Калвин Рамзи во Ливерпул. Инаку Абердин пред една ипол година го донесе Миовски од МТК Будимпешта за 600.000 фунти.

- Оглас -

Најнови вести