Абрамович пак одбил да го продаде Челзи

Сопственикот на Челзи, Роман Абрамович, наводно одбил понуда да ги продаде Сините која доаѓала од Средниот Исток. Англиските медиуми не спомнаа точна сума, иако според нив била доста голема, но рускиот тајкун нема намера да се откаже од инвестицијата во која вложува пари од 2003 година.

Абрамович пред 16 години го купи клубот од „Стемфорд бриџ“ за сума од 300 милиони фунти, а со своите вложувања им помогна на Сините да освојат пет титули во Премиер лигата, како и историската титула во ЛШ во 2012 година, како единствен тим од Лондон кој го поседува трофејот со големите уши.

Одреден период се споменуваше и името на најбогатиот Британец сер Џим Ратклиф, кој покажа интерес да го преземе клубот од рацете на рускиот милијардер, но Абрамович не сака да слушне за продажба ниту во случај да му понудат три милијарди фунти. Абрамович веќе извесно време не се појавува на „Стемфорд бриџ“ поради што има проблеми со визата за престој во Англија, но тој проблем не го оддалечува од својата намера да продолжи да инвестира во клубот.

[do_widget id=custom_html-5

- Оглас -

Најнови вести