Ачерби: Мора да ја победиме Македонија, нема друго!

Италијанскиот репрезентативец Франческо Ачерби после поразот од Англија, верува дека Аѕурите ќе се пласираат на Европското првенство иако треба да освојат четири бода во последните две кола во кои играат дома со Македонија и на гости со Украина.

„Можеби требаше да веруваме повеќе во себе. Англичаните имаа поголем респект кон нас отколку ние самите кон себе. Англија има многу добри млади играчи, но можевме да извадиме подобар резултат. Игравме добро во првото полувреме, во второто имавме ментална блокада. Не е срамота да се загуби од Англија, но можевме да направиме повеќе“, изјави Ачерби во анализата на средбата на „Вембли“, а потоа се осврна на шансите на Италија да биде учесник на ЕП.

„По два пропуштени Мундијали, апсолутно мора да се квалификуваме на Европско првенство. Не сакам ни да помислам на можноста тоа да не се случи. Мора да ја победиме Македонија, нема друго“, рече Ачерби.

Ние би рекле има друго, може и да ремизираат или да загубат од Македонија, а да одат на ЕП, клучно им е гостувањето кај Украина, со тоа што ако триумфираат против Македонија, со Украина доволен ќе им биде и бод.

- Оглас -

Најнови вести