Ачерби од Лацио брка рекорд на Занети

Дефанзивецот на Лацио, Франческо Ачерби, во синоќешниот пораз од Аполон со 2-0 го запиша 140-тиот последователен настап. Ачерби без прекин игра од октомври 2015 година, а оваа низа ја почна во дресот на Сасуоло и ја продолжи во редовите на „лацијалите“.

Ачерби е единствениот активен фудбалер кој настапил на олкав број натпревари во низа, а рекордот го држи Хавиер Занети, легендата на Интер. Рекордот на Ил Тракторе застана на 162 меча.

Италијанскиот дефанзивец во недела против Киево ќе има шанса да ја продолжи низата, бидејќи тој е стандарден во составот на Симоне Инзаги. Доколку избегне каква било повреда, Ачерби до крајот на сезоната ќе може да го стигне Занети, потребни му се уште 22 натпревари да се израмни со легендарниот Аргентинец.

- Оглас -

Најнови вести