Адејеми го понижи најскапиот играч во историјата на Премиер лигата и донесе победа за Борусија (Видео)

Борусија Дортмунд со предност од 1-0 ќе оди на реванш во Лондон против Челзи во осминафиналето на Лигата на шампионите, додека Бенфика заврши голема работа околу пласманот во четвртфинале со триумфот од 2-0 на гостувањето кај Бриж, кој првпат играше меч од нокаут-фаза.

Најубавиот гол вечерва падна во Дортмунд, каде што Карим Адејеми имаше спринт од 70 метри пред да го совлада голманот Кепа. Особено импресивен беше начинот на кој Адејеми го помина Енцо Фернандес, аргентинскиот фудбалер за кого Сините во јануари платија отштета од 120 милиони евра, со што е најскап трансфер во историјата на англискиот фудбал.

Ова е голот на Адејеми за кој уште долго ќе се зборува:

- Оглас -

Најнови вести