Адеми доби овации кога повторно истрча на „Максимир“, мечот го одбележа смешен автогол (Видео)

Динамо Загреб лесно со 3:0 го победи Славен Белупо во меч од 8 коло на хрватското првенство, а дуелот го одбележа враќањето на Аријан Адеми во дресот на Модрите. Македонскиот репрезентативец кој цели 13 години имаше поминато во дресот на Динамо, пред шест месеци замина во Кина, но изненадувачки брзо се врати во својот фудбалски дом.

Адеми во игра влезе во 84 минута и доби овации од навивачите кои беа на „Максимир“. Во тој момент домаќинот водеше со 3:0 и победникот беше решен.

Видовиќ погоди за 1:0 во 26 минута што беше и резултат по првиот дел.

https://twitter.com/i/status/1703069494787072007

На почетокот на второто полувреме, Бруно Петковиќ зголеми на 2:0 за Динамо и тоа по една убаво одиграна акција со Булат.

https://twitter.com/i/status/1703079087093203344

Се играше 67 минута кога гостинскиот стопер Штефуљ несмасно реагираше и ја удри топката со глава, која на крајот заврши во мрежата на Славен Белупо.

https://twitter.com/i/status/1703084487448436933

- Оглас -

Најнови вести