Адеми е прогласен за играч на годината во хрватското првенство

Македонскиот репрезентативец Аријан Адеми доби големо признание откако беше прогласен за најдобар фудбалер во хрватското првенство во 2020 година. Адеми, кој е капитен на Динамо Загреб, ги предводеше Модрите до шампионскиот трофеј во домашното првенство, а на меѓународна сцена ја помина групната фаза од Лигата на Европа и ќе игра во нокаут-фазата.

Во гласањето учествуваа капитените на сите прволигашки екипи, а имаа право да гласаат за петмина фудбалери. За најдобриот се даваа 10 поени, за вториот осум, потоа шест, па четири, додека петтопласираниот добива два поени. На крајот, Адеми доби 66 бодови, 20 повеќе од второпласираниот Мијо Чакташ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести