Адеми: Го запознавме Бодо/Глимт и добар е, но Динамо ќе игра во Лигата на шампиони

Аријан Адеми очекува повторно да игра во Лигата на шампионите со Динамо Загреб, а капитенот на популарните Модри изјави дека одлично е снимен Бодо/Глимт, екипа која има предност од 1:0 пред реваншот, вечерва на „Максимир“ од 21 часот.

„Знаеме дека нè чека тежок меч. Бодо/Глимт има добра екипа, одлично ги познаваме сега по првиот меч и знам дека Динамо може да успее.

За нас и за мене лично настап во Лигата на шампионите ќе значи многу и верувам дека ќе успееме“, вели капитенот на Динамо.

Адеми е најдобар стрелец на загрепчани во квалификациите за ЛШ и постигна два гола, па од него се очекува многу и повторо да биде лидер на Динамо на патот кон елитата.

Во стартниот состав за мечот со Бодо најавен е и вториот македонски репрезентативец, Стефан Ристовски.

 

- Оглас -

Најнови вести