Адеми ќе го пропушти дуелот против Велковски, но ќе игра против Ерменија и Исланд

Аријан Адеми, за среќа, не е сериозно повреден, а ќе го пропушти само дуелот со Риека и евентуално со Рапид Виена во Лигата на Европа. Тоа би значело дека моторот на македонската репрезентација ќе биде подготвен за настап за Македонија во завршницата од квалификациите за пласман на Светското првенство.

Во ноември ќе играме со Ерменија во Ереван и со Исланд и иако шансите за бараж ни се мали, сè уште постојат.

Адеми се повреди на дуелот со Германија пред три дена, а дуелот со Кај Хаверц беше кобен во 25-тата минута. Ногата на Адеми се приклешти меѓу нозете на напаѓачот на Челзи, па големиот борец иако се обиде, не можеше да игра и беше заменет.

Се стравуваше дека повредата е посериозна откако Адеми во последно време имаше проблеми со бутниот мускул и не играше во септември за Македонија против Ерменците, Исланд и Романија.

Сепак, капитенот на Динамо брзо ќе се врати на терен и сигурно ќе отсуствува само на мечот со Риека во сабота и можеби и против Рапид на 21 октомври.

 

 

- Оглас -

Најнови вести