Адеми: Му благодарам на Ристовски што направи да си заминам со победа од Динамо

По 13 години поминати во дресот на Динамо Загреб, Аријан Адеми денеска го одигра последниот меч за хрватскиот гигант и сега кариерата ќе ја продолжи во Кина. По победата над Риека со 1:0, Адеми откри дека не планирал дека ќе дојде момент кога ќе треба да си замине од „Максимир“. Голот за денешната победа на Динамо го постигна вториот македонски репрезентативец во редовите на Модрите, Стефан Ристовски.

„Не мислев дека ќе дојде овој ден. Мислев дека кариерата ќе ја завршам во Динамо. Уште не сум свесен околу целата оваа ситуација. Ова беше важна победа за нашиот тим и му благодарам на Ристовски што постигна гол“, рече Адеми, кој додаде дека единствено жал му е што со Динамо не освоил некој европски трофеј.

Адеми одигра 373 меча за Динамо и долги години беше капитен на најтрофејниот хрватски клуб, а дел од хрватските медиуми веќе дадоа идеја дресот со бројот 5 кој го носеше Адеми, да биде повлечен во чест на македонскиот репрезентативец.

 

- Оглас -

Најнови вести