Адеми по осми пат шампион на Хрватска, 20-та титула за Динамо

Динамо Загреб со минималната победа од 0-1 на гостувањето кај Славен Белупо стана старо-нов шампион на Хрватска. „Модрите“ со новите три бода направија огромна разлика (23 бода) во однос на второпласираната Риека, па на шест кола до крајот и математички ја обезбедија 20-тата рекордна титула.

Ова е нова радост за македонскиот репрезентативец Аријан Адеми, кој по осми пат ќе биди првак на Хрватска, а денес не учествуваше во победата на неговиот Динамо.

Мечот го реши Амер Гојак со погодокот во 48-та минута.

https://twitter.com/gnkdinamo/status/1119315531809599490

- Оглас -

Најнови вести