Адеми за победата над Аталанта ќе добие фина премија

Хрватскиот првак Динамо од Загреб на феноменален начин ја отвори групната фаза од Лигата на шампионите, ја растури италијанска Аталанта со 4-0, а за освоените три бода, клубот заработи 2,7 милиони евра. Дел од колачот ќе им припадне и на фудбалерите, кои на врвен начин си ја одработија работата против тимот од Бергамо.

Како што беше договорено, за секоја победа во групната фаза, секој играч на Динамо ќе добие премија од 5.000 евра, а за секое реми, по 3.000 евра од човек. Капитен на Модрите е македонскиот репрезентативец Аријан Адеми.

Паричните награди кои ги дава УЕФА се меѓу главните мотивации за учество на клубовите од овие простори во елитното натпреварување. Секоја победа се наградува со 2,7 милиони, за секој нерешен резултат е 900.000 евра, додека пласман во осминафиналето носи 9,5 милиони евра.

Секако, корист имаат и самите играчи кои добибваат премии како плус од тоа што го добиваат како редовна плата, а и гледани се од многу скаути и може да си обезбедат трансфери во поголеми и побогати клубови ид најсилните лиги.

- Оглас -

Најнови вести