Адеми згазна на трева по два месеци и му помогна на Динамо

Аријан Адеми се врати во составот на Динамо Загреб по операцијата на стомакот која ја направи пред два месеци, македонскиот репрезентативец од првата минута учествуваше во новиот триумф на „модрите“ кај гости кај Рудеш со 0-2. Адеми немаше проблем да ги одигра сите 90 минути, а Динамо ја нанижа петтата последователна победа во шампионатот на Хрватска.

Головите за три бода беа дело на Мајер и Олмо во 46-тата, односно 76-тата минута, па така загрепчани со 23-тата победа ја зголемија предноста на 20 бода во однос на второпласираната Риека и стојат цврсто на чело на табелата.

 

- Оглас -

Најнови вести