Рома му фрли око на Мејсон Гринвуд

Рома сериозно размислува за ангажман на Мејсон Гринвуд во летниот преоден рок, а според италијанските медиуми англискиот напаѓач е подготвен да се пресели во Рим.

Напаѓачот на Олимпик Марсеј е една од главните желби на римскиот клуб, кој планира реконструкција на офанзивниот дел од тимот. Можно е Гринвуд да пристигне како замена за Матијас Суле, за кого интерес покажува Астон Вила.

„Газета дело Спорт“ пренесува дека Гринвуд нема ништо против трансфер во Рома и е заинтересиран да го облече дресот на италијанскиот клуб. Сепак, најголем проблем за раководството на Рома останува високата цена што ја бара Марсеј.

Францускиот клуб наводно бара околу 50 милиони евра за поранешниот фудбалер на Манчестер јунајтед, кој има договор до 2029 година.

Во меѓувреме, Астон Вила веќе испратила понуда за Суле, но таа не ги задоволила барањата на Рома. Италијанскиот клуб е подготвен да преговара само за сума меѓу 35 и 40 милиони евра.

Гринвуд зад себе има одлична сезона во дресот на Олимпик Марсеј, каде постигна 16 голови и додаде седум асистенции во Лига 1, што дополнително го зголеми интересот за неговите услуги.

- Оглас -

Најнови вести