Адетокумбо со тројка го спаси Милвоки, па на крајот му донесе победа против Бруклин

Јанис Адетокумбо имаше нова неверојатна партија во дресот на Милвоки бакс во гостинската победа над Бруклин нетс од 120:119 и тоа по продолженијата.

Грчкиот кошаркар, на 10 секунди пред крај погоди тројка со која го пострави конечниот резултат во регуларниот период (110:110), а на крајот средбата ја заврши со 44 поени, 14 скокови и шест асистенции.

Кај Бруклин, пак, Кевин Дјурент уфрли 26 поени, а Кајри Ирвинг средбата ја заврши со 25 коша.

Јута џез немаше мака со значително ослабените Лос Анџелес лејкерси во средба која заврши 122:109. Донован Митчел со 29 коша ги водеше „џезерите“ до победа над тимот од Лос Анџелес, кој сега е на 11-то место на Западот и е надвор од било какво доигрување сезонава.

НБА

Детроит пистонс Филаделфија 76-ерс 102:94

Атланта хокс – Кливленд кавалирс 131:107

Бруклин нетс – Милвоки бакс 119:120

Чикаго булс – Лос Анџелес клиперс 135:130

Јута џез – Лос Анџелес лејкерс 122:109

 

- Оглас -

Најнови вести