Адис Јаховиќ го „изрешета“ Касимпаша (Видео)

Адис Јаховиќ постигна два гола во триумфот на Коњаспор над Касимпаша од 3:2 во возбудливиот натпревар од турското првенство кој се одигра попладнево.

На почетокот на второто полувреме, Јаховиќ најпрвин ја искористи грешката на одбраната на гостите, си поигра со ривалскиот голман и на крај ја погоди мрежата за водство од 1-0. Потоа Касимпаша со два брзи гола во 69 и 72 минута поведе со 2-1, но радоста им ја скрати Јаховиќ, кој даде гол со глава за 2-2 во 74 минута. Третиог гол за Коњаспор беше дело на Фофана.

После оваа голема победа, Коњаспор е на осмо место на табелата, а Касимпаша е втор и пропушти прилика да се обиде да ја намали негативата зад лидерот Башакшехир, кој бега 7 бода и може да направи плус 10.

Ова е првиот гол и слаломот на Јаховиќ:

Ова е вториот погодок на Македонецот, кој сега има пет гола во актуелната сезона:

- Оглас -

Најнови вести