Трагичарот на Арсенал од финалето во Лигата на шампионите, Габриел Магаљаеш, испрати емотивно обраќање преку социјалните мрежи.
Бразилскиот дефанзивец, кој зад себе имаше извонредна сезона, се претвори во трагичар за Топчиите откако го промаши клучниот петти пенал против ПСЖ, промашување со кое трофејот замина за Париз по втора година по ред.
И покрај огромното разочарување, столбот во одбраната на лондонскиот клуб го искористи својот Инстаграм профил за да им се заблагодари на навивачите и на соиграчите за неверојатниот пат кој го поминаа заедно.
„Боли, но се гордеам со овој тим и со сè што постигнавме оваа сезона. Им благодарам на нашите неверојатни навивачи за поддршката на секој чекор. Заслужувате да го прославите ова патување со нас и да уживате во денешната парада! Се гледаме следната сезона!“, напиша Магаљаеш.

