Наполи се пласира во Лигата на шампионите, но, сепак, има многу незадоволство во Неапол од сезоната што измина. Белгискиот интернационалец Кевин де Бројне размислува и да го напушти стадионот “Диего Армандо Марадона” една година порано, уште ова лето
„Имам уште една година до крајот на договорот, но сакам да разговарам со Наполи“, призна Де Бројне.
„Минатата година исто така беа кажани одредени работи: ‘Ќе играме на одреден начин, ќе го правиме ова и она’, но не се случи многу од тоа, а тоа е штета. Сакам да уживам додека играм фудбал“, изјави белгискиот интернационалец.

