Адрија циркусот заврши – Димитров има корона-вирус, не се игра финалето во Задар

Григор Димитров има позитивен тест на Ковид-19 што доведе до предвремен крај на тенискиот циклус „Адрија Тур“ и финалето во Задар меѓу Новак Ѓоковиќ и Андреј Рубљев нема да се игра.

„Сакам да ги информирам сите мои пријатели и симпатизери дека сум позитивен на Ковид-19. Се надевам дека сите тенисери и луѓе со кои бев во контакт во изминатите денови ќе се тестираат и ќе ги превземат сите неопходни чекори за да се заштитат“, објави Димитров.

Најдобриот бугарски тенисер беше дел од „Адрија Тур“ што го организираше Ѓоковиќ и играше и во Белград и во Задар.

Финалето во Задар требаше да се игра вечерва од 20.20 часот, но е откажано поради целата ситуација со позитивниот тест на Димитров на Ковид-19.

- Оглас -

Најнови вести