Дик Адвокат ќе ризикува и сака да го доведе поранешниот руски репрезентативец Александер Кокорин во Феенорд, а планот на познатиот тренер е проблематичниот, но и одличен фудбалер да пристигне на шестмесечна позајмица.
Кокорин има 28 години, а беше пуштен од затвор во септември лани, откако поради насилен напад на едно лице во октомври 2018 година беше осуден на затворска казна од една и пол година.
Тогаш заедно со Павел Мамаев, кој исто така е познат фудбалер го претепаа шоферот на автомобилот во кој беше телевизиска екипа на „Канал 1“.
Жртвата претрпе тешки повреди, но за среќа на Кокорин и на Мамаев преживеа, а двајцата фудбалери кои беа и руски репрезентативци добија затворски казни.
Кокорин има 48 настапи за А селекцијата на Русија, а беше еден од најдобрите фудбалери на Зенит Санкт Петербург. Претходно од Динамо Москва во 2013 година за рекорден трансфер на руски играч за 19 милиони евра го купи Анжи Махачкала.