Педри е играчот кој е се очекува уште многу години да биде еден од најдобрите во Европа. Иако има само 23 години, веќе добива шанса да ја носи и капитенската лента на Барселона, а тоа и е очекувано ако се знае дека тој е „мозокот“ во креирањето на акциите во офанзивниот дел.
Барселона синоќа со 2:1 победи на гостувањето кај Осасуна и со тој триумф каталонскиот гигант само се зацврсти на врвот на табелата во првенството. Каталонците имаат дури 14 бодови повеќе од најголемиот ривал Реал Мадрид и тоа а четири кола до крајот, па доколку Кралскиот клуб вечерва не победи на гостувањето кај Еспањол, Барселона и официјално ќе го одбрани тронот во домашниот шампионат.
На дуелот против Осасуна, Педри стигна до еден подвиг што не му успеал на ниту еден друг играч на Барселона во историјата. Педри по јубилеен 200-ти пат беше стартер за Барселона и тоа со само 23 години и 159 денови. Со овој подвиг, Педри го надмина повеќе од 15-години стариот рекорд што го држеше Лионел Меси.
Легендарниот Меси до 200 меча во стартниот тим на Барселона стигна со 23 години и 227 денови, а тогаш Лео го надмина рекодот на Чави Ернандес.
Ако се знае дека во стартниот тим на Барселона речиси незаменливи со тинејџерите Ламин Јамал и Пау Кубарси, нема да биде чудно ако овој рекорд на Педри трае само кратко време. Кубарси има 19 години, а Јамал уште е со само 18 години, а веќе има 151 настапи за Барселона, од кои поголемиот дел се како стартер.

