Аеродромци на седмо небо, дочекаа да слават титула дома против Работнички

МЗТ Скопје Аеродром со 3-0 во победи го совлада Работнички и дојде до својата седма пампионска титула во македонското кошаркарско првенство. Вечерва во „Јане Сандански“, МЗТ беше подобар со 85-78, што беше трета радост во финалната серија. МЗТ го презеде тронот од Работнички и му се реваншираше за ланскиот пораз.

Во првата четвртина, Работнички држеше приклучок благодарение на шутот за три поени, погодуваа Чековски, Костов и Младеновиќ, но и домашните беа ефикасни, па не се повтори сликата од првите два меча од финалето во кои „црвено-белите“ диктираа темпо и беа во речиси константно водство.

Но, сликата се смени. Распеаните фанови на МЗТ како повеќе да ги инспирираа гостите, па Работнички продолжи со прецизните шутеви од далечина и во втората четвртина, Чековски беше незапирлив за центрите, додека домашните кризираа во нападот. Работнички во првото полувреме даде дури 54 поени, десет повеќе од целиот прв меч во истата оваа сала.

Во третиот квартал, МЗТ заигра подобра одбрана, кај гостите веќе ги немаше проектилите од далелина, па во последните десет минути се влезе со 68-63 за аеродромци.

МЗТ водеше и со двоцифрена разлика во последниот дел, но Работнички не се предаваше, дојде на 82-78 на две минути до крајот. Сепак, домашните ја задржаа предноста и прославија титула. Иве Иванов со 23 поени беше прв стрелец, а за Хрватот ова е прва титула во кариерата, како и за Андреј Магдевски кој даде придонес од 11 поени.

- Оглас -

Најнови вести