Агентот на Бејл: Нема мрдање, ќе си дреме во Реал

Агентот на Герет Бејл, Џонатан Барнет, во интервју за британскиот Би-би-си истакна дека ѕвездата на Реал Мадрид ќе остане во клубот и следната сезона. Бејл има договор до јуни 2022 година со Кралевите, па иако постои интерес за неговите услуги ,Барнет вели дека нема клуб што може да си ги дозволи.

„Бејл е среќен таму каде што е. Од договорот му преостанаа уште две години и не планира да се сели од Мадрид. Тој е добар колку сите останати играчи кои Зидан ги има на располагање, вистинска штета е што Бејл не добива шанса да игра. Сепак, нема шанси да го напушти Реал ова лето, нема клуб што може да си ги дозволи неговите услуги“, посочи Барнет.

Бејл неодамна беше фатен како дреме на клупа за време на дуелот меѓу Реал Мадрид и Алавес. Со оглед на тоа дека Велшанецот наскоро нема да се најде во плановите на Зидан, во ваква положба ќе ја дочека и следната сезона, заработувајќи 400.000 евра неделно за дремење на клупа.

- Оглас -

Најнови вести