Агентот на Елмас вели дека сега не е време за нов договор со Наполи!

Човекот кој му е агент на Елиф Елмас, Џорџ Гарди, во интервју за италијански медиум вели дека сега не е време за продолжување на договорот со Наполи бидејќи македонскиот фудбалер има долгорочен договор во клубот и е фокусиран на други работи.

„Елиф го дочека континуитетот што му фалеше претходните години. Претходно тој влегуваше во финишот, играше само по 10-15 минути, а тоа не е лесно. Сега работите се менуваат, неговата самодоверба расте. Почна да дава клучни голови, ја подобри конкретноста пред противничките голови. Тој е модерен играч кој покрива голем дел од теренот. Мислам дека секоја сезона може да постигнува двоцифрен број голови“, вели Гарди.

„Ова е само почеток. Елиф има огромен потенцијал. Го процениле помеѓу 70 и 80 милиони евра? Според мене, тој е вреден, нема многу играчи во Европа кои се родени во 1999 година и одиграле 100 меча за Наполи и 65 за репрезентација. Дали Наполи чука на вратата за нов договор? Во моментов не, договорот е многу долг“, додава Гарди.

- Оглас -

Најнови вести