Агентот на Кристијано Роналдо во разговори со Реал Мадрид

Агентот на Кристијано Роналдо, Жорже Мендеш, наводно се распрашувал кај највисокото раководство на Реал Мадрид, дали клубот би бил заинтересиран да го врати Роналдо во своите редови. Оваа шпекулација ја објави добро упатен шпански новинар, кој често објавува ексклузивни информации, а дел од нив и стануваа вистина.

После елиминацијата на Јувентус од Порто, во Италија има напади против 36-годишниот Роналдо од сите страни, дури и легенди на Јуве сметаат дека тој е виновен, па почнаа муабети дека летово Роналдо ќе ги замине иако договорот му е до 2022. Старата дама би го ослободила за отштета од околу 60 милиони евра. Годишната плата на Кристијано е 31 милион евра и претставува проблем за Јуве.

Реал Мадрид по заминувањето на Роналдо драстично ја загуби ефикасноста, без него веќе не е ни блиску до титула во Лигата на шампионите, а и на Кристијано не му оди во Европа со Јуве.

- Оглас -

Најнови вести