Агуеро направи голема грешка, Ливерпул ќе биде шампион во Премиер лигата?

Навивачите на Ливерпул имаат право уште повеќе да се надеваат на титула во Премиер лигата откако „помош“ им дојде од директниот ривал, поточно од фудбалерот на Манчестер сити, Серхио Агуеро.

Агуеро направи голем „кикс“ со тоа што се фотографираше со канадскиот рапер Дрејк, човек кој е познат како голем малер кој им носи несреќа на спортистите кои правеле селфи со него или тимовите за кои кажал дека му се омилени. Дрејк е на турнеја низ Европа, па при престојот во Манчестер, тој се фотографираше со аргентинскиот фудбалер кој е прв стрелец во историјата на Сити.

Но, проблемот е што Дрејк е познат како малер. Со него се сликаше и Џејдон Санчо, па суеверните англиски љубители на фудбалот веќе ја отпишаа Борусија Дортмунд од трката со Баерн за трофејот во Бундеслигата, а во Премиер пехарот веќе му го припишуваат на Ливерпул.

Кошаркарскиот тим на Универзитетот Кентаки нема титула во НЦАА лигата од 2012 година, Торонто репторс никако да стигне до финале во НБА, а борецот Конор Мекрегор загуби од Хабиб Нурмагомедов откако кон рингот одеше во придружба на Дрејк. Раперот беше „виновен“ и за поразите на Голден Стејт вориорс, Серена Вилијамс и колеџот Алабама во американски фудбал. Во Ливерпул тие што знаат за проклетството, уште не можат да заборават дека Даниел Стариџ во 2014 на малерот му даде потпишан дрес. Таа сезона се случи славното лизгање на Стивен Џерард и титулата ја освои Манчестер сити.

- Оглас -

Најнови вести