Англискиот селектор прифатил 30 отсто скратување на платата

Додека премиерлигашите се притиснати од властите да прифатат скратување на платите до 30 отсто, селекторот на Англија Герет Саутгејт, ја прифатил оваа опција и ќе остане без еден милион фунти. Англиската фудбалска асоцијација ќе го потврди ова следната недела.

Што се однесува за фудбалерите, тие делумно го прифатија овој предлог, но сметаат дека 30 отсто помали плати ќе наштети на данокот кој државата го зема, а тие средства би биле наменети за државната здравствена организација. Од Асоцијата на професионални фудбалери предупредуваат дека на тој начин државата ќе остане без 200 милиони фунти во данок.

Скратување на платите до 30 отсто во период од 12 месеци е околу 500 милиони фунти, од кои 200 милиони треба да се оданочат.

- Оглас -

Најнови вести