Играчот од средниот ред на Баерн Минхен и германски репрезентативец, Џошуа Кимих, откри дека ќе навива за лондонскиот клуб во финалето на Лигата на шампионите помеѓу ПСЖ и Арсенал. Причината е блискоста со неговиот соиграч од репрезентацијата, Каи Хаверц, кој игра за Топчиите.
Кимих се надева дека победата на Арсенал во Лигата на шампионите ќе им даде на Хаверц и на германската репрезентација дополнителна енергија пред претстојните натпревари и Светското првенство.
„Му посакувам успех на Каи и му посакувам се најдобро кога ќе дојде кај нас по освојувањето на титулата. Таква титула носи позитивна енергија. Тој е неверојатно важен играч за нас, а е потценет во Германија. Беше клучен на Европското првенство бидејќи има фантастична комбинација на квалитети што ќе ни помогнат“, вели Кимих.

