Украинка стави слушалки и го покри лицето додека се свиреше руската химна (Видео)

Украинката Софија Краинска, која го освои второто место на Европското првенство за јуниорки во ритмичка гимнастика во Варна, Бугарија, стави слушалки за време на церемонијата на доделување награди и го покри лицето со рацете додека се свиреше руската химна во чест на победничката, Русинката Јана Заикина која победи во вежбите со лента 

Руските и белоруските гимнастичари од неодамна имаат право да настапуваат со знаме и химна. Ова е првото натпреварување на кое се укинати санкците и повторно може на спортски настан да се слушнат руската и белоруската химна. Украинската гимнастичка федерација веќе поднесе жалба по одлуката, тврдејќи дека таа претставува „длабока дискриминација што е спротивна на етичките принципи на спортот“. 

- Оглас -

Најнови вести