Салах се премислува, после отказот на Слот сега сака да остане во Ливерпул?

Мохамед Салах објави дека летово ќе го напушти Ливерпул, имаше и емотивна разделба со публиката на „Енфилд“ на последниот меч на Црвените дома сезонава, но сега се појави информација која ја распали имагинацијата на фановите дека Мо можеби и ќе се премисли и ќе остане во Ливерпул.

Само што Ливерпул објави дека тренерот Арне Слот си оди, наводно Салах веднаш побарал средба со неговиот агент. Се шпекулира дека е можно сега Салах да се премислува и сака да остане во клубот, бидејќи главна причина што сакаше да си оди беше Слот кај кој оваа сезона беше во втор план.

Фановите би сакале Салах да остане барем уште една сезона, времето ќе покаже дали тема на состанокот на Салах со агентот ќе биде обид за останување на „Енфилд“ или нешто сосема друго.

Нов тренер на Ливерпул треба да биде Андони Ираола, па ќе треба да се почека да се слушне каков е неговиот став.

- Оглас -

Најнови вести