Агуеро и Кутињо растураат за Барса, ама на тренинг-меч (Видео)

Барселона и Корнелја одиграа пријателски тренинг-натпревар на кој главна ѕвезда беше Серхио Агуеро, засилувањето за нападот на Барса кое уште нема дебитирано на официјален меч. Повредата на Агуеро е минато и тој му се става на располагање на тренерот Роналд Куман.

Популарниот Кун даде гол на дебито. Иако ова е само тренинг-меч, погодокот ќе му ја зголеми самодовербата на Аргентинецот, кој од Манчестер сити дојде во Барселона. Гол за Барса попладнево даде и Кутињо, некогашната голема ѕвезда која сезонава ретко игра.

https://twitter.com/i/status/1448290241949863936

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести