Агуеро има збирка автомобили вредна 760.000 фунти

Аргентинецот Серхио Агуеро, кој вечерва ќе биде главниот адут на Манчестер сити во дуелот со Тотенхем, во обид да се пласира во полуфиналето на Лигата на шампионите може да бира со кој од луксузните пет автомобили ќе оди кон „Етихад“.

Ѕвездата на „граѓаните“ има неверојатна колекција коли во својата гаража, но тоа и не треба да чуди со оглед на неговата неделна плата од 250.000 фунти.

„Ренџ ровер“ џипот Лума ЦЛР СВ е еден од најгламурозните од тој тип и чини околу 150.000 фунти. Ваков џип е виден во сцена од филмот „Спектре 007“, па можеби популарниот Кун сака да биде како Џејмс Бонд.

Агуеро има и „ферари“ ГТЦ4 Лусо (250.000 фунти), а во минатото беше виден и зад волан на брзиот „ламборгини авентадор“ (270.000) и посебно модификуваниот супер автомобил „нисан“ ГТ-Р со кој првпат се појави во 2017 година.

- Оглас -

Најнови вести