Агуеро испрати проштална порака за фановите на Сити, утре ќе биде претставен во новиот клуб

Серхио Агуеро синоќа го одигра последниот меч во дресот на Манчестер сити. Легендарниот аргентинскиот напаѓач помина 10 години меѓу Граѓаните, а на испраќањето не успеа да се закити со титулата во Лигата на шампионите. Сити загуби во финалето на елитната лига на УЕФА од Челзи со 1:0.

Агуеро утре треба да биде претставен во новиот клуб, а тоа е Барсеона, со која потпиша двегодишен договор. На заминување од Сити, Агуеро испрати проштална порака за сите фанови на англискиот клуб.

„Горд сум на овој тим и на тоа што толку години ги носев боите на Манчестер сити. Тоа е клубот кој засекогаш ќе биде во моето срце“, порача Агуеро.

Во изминатава декада, Агуеро одигра вкупно 390 меча за Сити, во кои постигна феноменални 260 погодоци. Вкупно освои 15 трофеи, од кои пет се во Премиер лигата. Навивачите вечно ќе го памтат неговиот погодок против КПР во последната минута од последното коло, кога Сити победи со 4:3 и на тој начин стигна до првата од петте титули кои следуваа во следните сезони.

- Оглас -

Најнови вести