Агуеро може да биде казнет затоа што „крена рака“ на помошничката судијка (Видео)

Манчестер сити со 1:0 го победи Арсенал во синоќешното дерби во Премиер лигата, а освен голот на Рахим Стерлинг, ситуацијата за која се дискутира во Англија е таа во која се најде Серхио Агуеро. Најдобриот стрелец на Манчестер сити имаше непромислен потег, кога за еден аут, почна да се расправа со помошничката судијка.

Сиан Масеј-Елис уште од 2011 година е линиски судија и една од ретките жени со ваква професија во Англија. Непосредно пред крајот на првото полувреме, една топка заврши во аут, а Елис покажа дека тоа е топка за Арсенал. Агуеро кој беше во непосредна близина, веднаш реагираше и побара аут за Сити.

Аргентинскиот голгетер во еден момент ја фати судијката за рамото. Во Англија е најстрого забрането фудбалерите да имаат било каков контакт со арбитрите, посебно не кога се работи за некоја нивна одлука.

За среќа на Агуеро, ниту судијката, ниту главниот арбитар не реагираа по овој испад на фудбалерот на Сити, но во Англија се шпекулира дека можно е Серхио да биде казнет. Тренерот на Сити, Пеп Гвардиола застана на страна на својот фудбалер.

„Барајте сензација во некоја друга епизода, не во оваа. Кун е најдобриот човек кој го имам сретнато во животот“, рече Гвардиола по мечот давајќи го своето мислење за целата таа банална ситуација околу еден небитен аут.

https://youtu.be/Qt3ffFDvLeg

 

 

- Оглас -

Најнови вести