Агуеро не е позитивен, но ќе мора во самоизолација

Пеп Гвардиола во наредните 10 дена не ќе може да смета на Серхио Агуеро бидејќи рекордерот на Граѓаните ќе мора да биде во самоизолација откако бил во близок контакт со позитивен на ковид-19.

Искусниот напаѓач беше најавен како стартер во составот на Манчестер сити за дуелот со Брајтон закажан во среда, меѓутоа Агуеро ќе пропушти вкупно два натпревари, вклучувајќи ја и средбата против Кристал палас на 17 јануари.

Поради невниманието, Агуеро наиде на пречка во обидот да ја поврати формата во период кога постепено се враќаше на терените по тешката повреда на коленото.

 

- Оглас -

Најнови вести