Агуеро се кае што се потрошил на „ламборџини“: Не знам зошто го купив, само фаќа пајажина

Додека многумина сонуваат барем еден ден да возат луксузен автомобил каков што е моделот „ламборџини авентадор“, Серхио Агуеро се кае што пред шест години се потрошил за да го поседува спортскиот „ѕвер“ на четири тркала.

Во интервју за една аргентинска телевизија, ѕвездата на Манчестер сити откри дека неговиот „авентадор“ му седи во гаража и му фаќа пајажина.

„Воопшто не знам зошто го купив тој автомобил. Ми седи во дворот и го врне дожд, толку долго време не сум го возел, што почна да фаќа пајажина. Во овие шест години немам извозено ниту 1.200 километри, а веќе некое време се мислам што ќе ми е да го чувам ‘ламборџинито’“, истакна Агуеро.

Иако не истакна колку точно го платил при купувањето, но во периодот кога автомобилот се појави во продажба имаше вредност од околу 400.000 евра.

- Оглас -

Најнови вести