Агуеро се посрамоти како никогаш досега, Менди немал полесно одбранет пенал (Видео)

Манчестер сити води со 1:0 против Челзи на полувреме, во меч од Премиер лигата, но домаќините може да жалат што предноста не е со два гола разлика. Граѓаните кои имаат дури девет измени од дуелот со ПСЖ во Лигата на шампиони, одиграа фуриозно во последните минути пред полувремето.

Рахим Стерлинг погоди за 1:0 во 44 минута, а во судиското надополнување беше досуден пенал за Сити. Серхио Агуеро кој е најдобар стрелец во историајта на Граѓаните, ја зема топката и го изведе можеби последниот пенал за англискиот тим.

Агуеро сакаше на атрактивен начин со популарна Паненка да го матира голманот на Челзи, но Менди ја прочита намерата на напаѓачот и иако тргна на едната страна, успеа да се врати и без проблем да ја одбрани топката. За Менди ова сигурно е најлесно одбранетиот пенал, додека Агуеро никогаш претходно се нема вака посрамотено по шутиран пенал.

Целата ситуација може да ја видите ТУКА.

https://youtu.be/YO7jdJWIT7M

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести