Ај што утна невозможно, ќе се повредеше по епското промашување

Гамбиецот Шериф Сињан ја има утката на вечерта во 24 натпревари од петтото коло во Лигата на Европа, а, за среќа, 24-годишниот стопер не се повреди во обидот да ја затресе мрежата на Дандалк.

Утката е епска, Сињан не погоди од самата гол-линија и му ја врати топката на голманот кој беше на спротивната страна, а притоа и со лизгачки старт во обид да даде гол се заби во стативата.

За среќа, мина без повреда, а и утката не го чинеше скапо Молде, тим што го победи Дандалк со 3:1 и има шанси за пласман во следната фаза во Лигата на Европа.

На Норвежаните им треба реми во Виена против Рапид во последното коло или да не загубат со повеќе од еден гол-разлика, а притоа и да постигнат гол(ови). Имаат три бода повеќе од директниот конкурент за второто место во групата Б и победа од 1:0 во првиот меѓусебен дуел на домашен терен.

Арсенал веќе е пласиран понатаму и е единствениот тим што има максимален учинок од пет победи во пет кола во фазата по групи, па чека друштво од Молде или Рапид, а одлуката за вториот патник ќе падне на 10 декември во Виена.

 

- Оглас -

Најнови вести