Ајакс? Да не ти дојде дома…

Минатата сезона Ајакс им одржа лекција на европските великани Реал Мадрид и Јувентус, и тоа на нивни терени. Копјаниците не се плашеа од никого, па за малку ќе беа и финалисти во Лигата на шампионите да не им се случеше потопот од Лукас Мура во реваншот против Тотенхем.

Покрај Реал и Јуве, Ајакс како гостин издвои победа и против актуелниот вицепрвак, а и оваа сезона продолжи нивната одлична серија надвор од „Јохан Кројф арената“. Вчера за некои беше изненадување тоа што фудбалерите на Ерик тен Хаг славеа со 3-0 на „Месталја“ против Валенсија. Имено, Ајакс во 12 последователни гостувања нема претрпено пораз во елитното европско натпреварување, а дури на половина од тие средби издвоиле трумф.

Серијата трае од квалификацискиот циклус од минатата сезона, која од вчера се протега и во трета сезона. Овој учинок е само за пофалби, а можеби и нема друг клуб кој може да се пофали со ваков учинок.

Последни 12 гостувања во Лигата на шампионите:

Валенсија 0-3 Ајакс

ПАОК 2-2 Ајакс

Тотенхем 0-1 Ајакс

Јувентус 1-2 Ајакс

Реал Мадрид 1-4 Ајакс

АЕК 0-2 Ајакс

Бенфика 1-1 Ајакс

Баерн Минхен 1-1 Ајакс

Динамо Киев 0-0 Ајакс

Стандард Лиеж 2-2 Ајакс

Штурм Грац 1-3 Ајакс

- Оглас -

Најнови вести