Aјакс не само што договори замена за Зијех, туку и урна клупски рекорд

По само една недела откако Ајакс потврди дека Хаким Зијех од следната сезона ќе игра во дресот на Челзи, управата на Копјаниците се фати за работа и експресно најде замена за одличниот марокански офанзивец. Од предвидените 45 милиони евра колку што ќе легнат на сметка на холандскиот првак, речиси половина ќе се искористат за ангажманот на бразилскиот талент на Сао Пауло, Ентони Матеус Дос Сантос.

Матеус од јули ќе стане најскапиот играч во историјата на Ајакс за кого сосе бонуси ќе се потрошат до 26 милиони евра, и така ќе се надмине рекордот од 2008 година, кога Копјаниците платија 16,5 милиони евра за Мирален Сулејмани при преселбата од Херенвен.

Деветнаесет годишниот офанзивец на Сао Пауло може да ги покрие крилните позиции, од оваа сезона е дел од првиот тим на бразилскиот клуб за кого забележа четири гола и шест асистенции на 29 натпревари. На „Јохан Кројф арена“ го чека петгодишен договор, а до крајот на сезоната во Европа тој ќе остане во бразилската Серија А на дополнително калемење.

- Оглас -

Најнови вести