Ајакс „украде“ реми во Солун (видео)

Ајакс изнуди реми од 2-2 на гостувањето кај ПАОК во првиот квалификациски натпревар од третото коло во Лигата на шампионите. Копјаниците благодарение на Зијеш и Хунтелар се враќаат дома со два гола на гости со кои имаат поголеми шанси да се пласираат во следната фаза од квалификацискиот циклус за групната фаза.

Мароканецот отвори во раната фаза од мечот на „Тумба“, по што домаќините одговорија со преврт уште во првиот дел преку Акпом и Матос. Притисокот кој го направи Ајакс по стартот на второто полувреме се исплати, па Хунтелар во 57-та минута донесе израмнување за избраниците на Тен Хаг и резултат кој оди во нивна позла во пресрет на реваншот против Грците кој е закажан за 13 август.

Во исто време се играше и дуелот меѓу АПОЕЛ и Карабах, а гостите од Азербејџан остварија одличен резултат со триумфот од 2-1.

https://twitter.com/AFCAjax/status/1158789704852148225

https://twitter.com/AFCAjax/status/1158805473057005571

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести