„Ајде да летаме“ – Најбруталниот старт викендов не беше санкциониран со црвен картон (Видео)

Барнсли и Виган одиграа 0:0 во меч од англискиот Шампионат лига, но дуелот стана популарен иако немаше погодоци. Причина за издвојување на овој меч е фаулот кој се случи во првото полувреме.

Килијан Лудевиг од Барнсли беше во напад кога пред него се појави Антони Робинсон. Гостинскиот играч реши по секоја цена да го сопре нападот на противникот, па наместо по топката, удри директно во ногата на противикот. Лудевик буквално летна во воздух и направи салто, а потоа падна на тревата.

Иако овој старт делуваше брутално, судијата Девид Веб одлучи да го казни Робинсон само со жолт картон.

 

 

- Оглас -

Најнови вести