Ајфон 11 е топ-подарок пред Нова година – Приклучете се на Спортска прогноза до 15.30 часот

Остануваат уште неколку часа за вашите прогнози за 15. коло на популарната „Тринаестка“, а во духот на предновогодишните празници Sport Life и Спорт Манија доделуваат убави награди за најуспешните прогнозери.

Терминот за да ја одиграте вашата комбинација за оваа рунда е до 15.30 часот, кога ќе почнат двата дуели од Бундеслигата меѓу Аугсбург и Ајнтрахт, односно Мајнц и Вердер.

Во секое коло стандардно веќе трета сезона по ред за учесниците на Спортска прогноза има убави награди, а главната премија е „ајфон 11“ за точно погодена тринаесетка.

Sport Life ги наградува и утките на забавната и бесплатна игра, па за едно промашување се добива ваучер во вредност од 1.000 денари, а за две можете да искористите дополнителна награда од 500 денари со ваучер за уплата во некоја од обложувалниците ширум Македонија.

Во фокусот во 15. коло е германското дерби меѓу Баер Леверкузен и Баерн Минхен, што е и директна битка за лидерската позција во последното коло во Бундеслигата за 2020 година.

Баер ќе се обиде да најде лек за неприкосновениот шампион на Германија, Баерн Минхен и да се рехабилитира за двата идентични порази на „Бај арена“ со по 2:4 од  големиот ривал.

Тоа е само еден од мечевите што привлекуваат внимание на популарната „Тринаесетка“ што за вас бесплатно ја организираат Sport Life и Спорт Манија.

Денеска Спортската прогноза ќе биде во знакот на дуелите во Германија и во Англија. Ги има вкупно пет за прогнозирање во 15-тото коло и, секако, најтешка задача ќе биде да се погоди исходот на „Бај арената“.

За недела ви нудиме уште неколку исклучително интересни двојки за прогнозирање, а особено се привлечни мечевите меѓу Тотенхем и Лестер, Аталанта и Рома, Лацио и Наполи и Лил против ПСЖ.

Веќе знаете дека е мошне важно да се погодат и двата резервни пара, кои носат поени за Генерален пласман.

Битката се разгоре и моментно дури четири прогнозери имаат по 68 поени на врвот на табелата. И тука ќе има топ-награди кои ќе се доделат на крајот од третата сезона на Спортска прогноза.

Новиот шампион и најдобар стратег во бесплатната и забавна игра ќе добие ТВ Смарт од 48 инчи, а петте најдобропласирани прогнозери ќе бидат наградени со многу поени што ќе можат да ги искористат во СЛ маркетот на Sport Life.

 

 

 

 

- Оглас -

Најнови вести