„Ајфонот“ е на чекор од „пронаоѓање“ на новиот сопственик, затоа играјте Спортска прогноза!

Малку недостасуваше мобилниот телефон „ајфон 11“ да биде доделен во минатото коло на Спортска прогноза откако дури седуммина играчи на оваа бесплатна игра успеаја да погодат 11 од 13 понудени парови. Со 11 погодоци, тие прогнозери станаа добитници на вредносни ваучери од по 500 денари во Sport Life и само потврдија дека со малку повеќе среќа може да се стигне до Среќна 13-ка.

Паровите за новото, 23-то коло веќе се познати и затоа не треба многу да чекате, туку направете ги вашите прогнози и бидете дел од Спортска прогноза. Во ова коло има повеќе интересни дерби-дуели. Наполи е домаќин на Јувентус, а Интер го пречекува Лацио во најатрактивните мечеви во Серија А.

Во англиската Премиер лига викенд возбудувањата ќе започнат со дерби. Во сабота во 13:30 часот Лестер е домаќин на Ливерпул, а тоа е и последниот термин до кога може да ги направите вашите прогнози.

Вкупно 13 парови имате за прогнозирање и доколку успеете да ги погодите сите, ќе бидете добитник на мобилен телефон „ајфон 11“. Со 12 и 11 погодоци ви следуваат вредносни ваучери во Sport Life од по 1.000, односно 500 денари.

Не чекајте, направете ги вашите прогнози во ова коло!

- Оглас -

Најнови вести