„Ајкулите“ не сакаат да слушаат блуз (Видео)

Сан Хозе шаркс славеше со 6-3 против Сент Луис блуз, и поведе со 1-0 во западното финале на хокеарската НХЛ лига. Најзаслужен за триумфот беше Томи Мајер со два гола, од кои едниот беше вистинска мајсторија која можете да ја погледнете во видеото подолу. Многумина велат дека голот потсетува на оној на Швеѓанецот Петер Форсберг од пенал серијата во финалето на Олимписките игри во 1994 година.

Овој 22-годишен Швајцарец со два гола и една асистенција, ги засени поголемите ѕвезди кои играат во Сан Хозе. Логан Кутур е еден од шесте активни играчи во НХЛ кои во еден ист плејоф имале 10 или повеќе голови, а Џо Павелски стана шестиот најефикасен Американец во историјата на плејофот.

Шаркс покажува дека има многу опасен напад, по петти пат на 15 плејоф меча даде 5 или повеќе голови.

И вториот меч од оваа серија се игра во Сан Хозе, в понеделник вечер. Оваа серија е дуел на два клуба кои немаат титула, и долги години плејофот го завршуваат со разочарување.

- Оглас -

Најнови вести