Ајнтрахт го елиминира минатогодишниот финалист во Германскиот куп

Ајнтрахт Франкфурт резервираше место во четврт-финалето од Купот на Германија со триумфот од 3-1 против Лајпциг. Минатогодишниот финалист немаше сили да се врати во игра по двата гола негатива, иако Дани Олмо со својот дебитантски гол за Биковите за момент успеа да ги врати надежите.

Андре Силва со реализацијата од белата точка во 17-тата минута донесе резултатска предност за домаќините, која Костиќ ја зголеми на 2-0 само пет минути по стартот на вториот дел. Олмо погоди во 69-тата минута, меѓутоа тоа беше сè што гостите направија во оваа средба. За конечни 3-1 уште еднаш стрелаше Костиќ, овојпат во судиското надополнување.

Фортуна Дизелдорф исто така се пласираше во следната фаза по убедливиот триумф од 5-2 на гостувањето кај Кајзерслауртен.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести