Борнмут има дури 15 меча по ред без пораз во Премиер лигата, маршира кон Европа

Борнмут го победи Кристал Палас со 3-0 и сега нивна рекордна серија е 15 натпревари по ред без пораз во Премиер лигата, а продолжуваат да се борат за излез во Европа, шести се на табелата.

Црешите уште од 3-ти јануари немаат лигашки пораз, а од нивната форма треба да се плаши и Манчестер сити кој на 19-ти мај треба да гостува кај Борнмут, и нема да смее да киксира ако сака титула.

Ѕвезда во редовите на Борнмут е Ели Жуниор Крупи, 19-годишниот француски фуудбалер кој даде гол од пенал и сега има 12 погодоци сезонава, со што се израмни со Роби Фаулер и Роби Кин како најефикасни тинејџери во историјата на Премиер лигата според број на голови како дебитанти.

- Оглас -

Најнови вести