Мајсторките, седмите мечеви во една серија се најинтересното нешто што го носи плејофот во НБА лигата, а два такви дуели се играат вечерва. Тимовите немаат право на грешка, поразените испаѓаат и тука им завршува сезоната.
Од 21.30 часот, Детроит ќе проба да ја оправда фаворитската улога и со победа на свој терен да оди понатаму иако Орландо водеше со 3-1 во победи. Пистонс направи неверојатен пресврт на шестиот меч и избегна срам како прв носител да испадне од осмиот. Вака, Клиповите на свој терен може да станат уште еден од ретките кои од 1-3 дошле до 4-3 во победи.
Во Кливленд, Кавалирс се домаќини на Торонто со надеж дека со домашната публика ќе прослават пласман во следната рунда во која би играле против Детроит или Орландо. Канадскиот тим со чудесна и среќна тројка дојде до победата за 3-3.
Sport Life нуди многу опции за обложување на овие два меча, а тука се и над 20 кошаркари на кои може да одиграте колку поени ќе постигнат.


