Браво Вардар, му честиташе на ГРК Охрид и му посака среќа во финалето на ЕХФ купот

Ракометниот клуб Вардар 1961 со џентлменски потег, јавно преку социјалните мрежи му го честиташе успехот на ГРК Охрид кој ќе игра финале во Европскиот ЕХФ куп.

„Пласманот во едно европско финале е потврда за квалитет, посветеност, работа и верба, а воедно и гордост за сите што го следат и сакаат ракометот во Македонија. На ГРК Охрид му посакуваме многу среќа во финалето на Купот на ЕХФ, достоинствен настап и уште еден голем момент за македонскиот спорт. Кога македонски клуб испишува европска приказна, тоа е успех што заслужува аплауз. Честитки за РК Охрид“, порачаа врадарци.

 

- Оглас -

Најнови вести