Ајнтрахт и во реваншот против Базел ќе игра на домашен терен

Базел го прифати предлогот на Ајнтрахт Франкфурт и УЕФА реванш-дуелот од осминафиналето во Лигата на Европа повторно да се игра на „Комерцбанк арената“ во Франкфурт. Повратниот дуел кој беше закажан на 19 март прво се одложи поради тоа што во Швајцарија спортот е забранет до почетокот на следниот месец и пред да се прогласи пандемија.

Властите не сакаа да ризикуваат мечот да се одигра на нивно тло и покрај притисокот на Европската фудбалска асоцијација, па затоа тимот на Базел ќе остане до следниот четврток во Франкфурт и ќе го чека реваншот. Вечерва швајцарскиот гигант славеше со 3-0 во првата пресметка во улога на гостин пред празни трибини, а нормално и на тој меч нема да присуствуваат навивачи .

- Оглас -

Најнови вести